Инсулинот
претставува белковина која под дејство на HCL се разградува, па затоа не се
дава Per-os туку парентерално и тоа најчесто s.c, i.m
и i.v секојдневно.
Постојат
повеќе видови на инсулин. Најчесто употребувани кај нас се бистар (кристален)
инсулин, кој дејствува брзо и краткотрајно и матен (протамин-цинк) инсулин кој
дејствува полека и долготрајно. Исто така во употреба се и други инсулини со
продолжено дејствување како што се: семиленте, ленте, ултраленте и изофан.
1.На кристалниот (бистар) инсулин
почетокот на дејствување по инјекцијата е 30 мин. Најсилното дејство по
инјекцијата е 2-4 часа. Должината на дејствување по инјекцијата е 6-8 часа.
2.На протамин-цинк (матен) инсулин
почетокот на дејствување по инјекцијата е 180 мин. Најсилното дејство по
инјекцијата е 16-24 часа. Должината на дејствување по инјекцијата е 24-36 часа.
3.На семиленте инсулинот почетокот
на дејствување по инјекцијата е 60 мин. Најсилното дејство по инјекцијата е 5-7
часа. Должината на дејствување по инјекцијата е 12-18 часа.
4.На ленте инсулинот почетокот на
дејствување по инјекцијата е 90 мин. Најсилното дејство по инјекцијата е 8-12
часа. Должината на дејствување по инјекцијата е 18-24 часа.
5.На ултраленте инсулинот почетокот
на дејствување по инјекцијата е 120 мин. Најсилното дејство по инјекцијата е
16-18 часа. Должината на дејствување по инјекцијата е 30-36 часа.
6.На изофан (NPH) инсулинот
почетокот на дејствување по инјекцијата е 120 мин. Најсилното дејство по
инјекцијата е 8-12 часа. Должината на дејствување по инјекцијата е 18-24 часа.
Многу често се употребува
комбинација на бистар и матен инсулин кој има најсилно дејствување 8-12 часа по
инјекцијата. Неправилното земање на инсулин или неправилната исхрана можат на
доведат и до опасност. Ако шеќерот падне под нормала настанува состојба
наречена хипогликемија.
дали е штетен инсулинот во пенкалото бидејќи не е бистар , односно е во матно бела состојба? Ви благодарам
ReplyDelete