Sunday, May 5, 2013

Типови на дијабетес


Тип 1 дијабетес или инсулин-зависен дијабетес кој е карактеристичен по тоа што се јавува речиси секогаш во најраната детска возраст и речиси секогаш зад неговото настанување стои автоимуна реакција зад која претходела некаква вирусна инфекција или некое друго случување во организмот. Овој тип на шеќерна болест се јавува при тежок недостаток на инсулин, поради деструкција на повеќето или на сите клетки на панкреасот, кои лачат инсулин. За да може пациентот да се одржи во живот, тој мора редовно и доживотно да прима инсулин, во вид на поткожни инекции. Луѓето што боледуваат од дијабетес тип 1 мора да добиваат барем по една инјекција дневно. Рамнотежата меѓу количината јаглеродни хидрати што се внесуваат и вистинската количина инсулин е важна за спречување на превисоко или на прениско ниво на шеќер во крвта.
Тип 2 дијабетес или инсулин-независен дијабетес кој се јавува најчесто во подоцните години во животот (адултен дијабетес) и најчесто е со непозната етиологија (т.е причинителот останува неоткриен). Постојат бројни докази кои овој тип го поврзуваат со наследниот фактор т.е огромна е можноста за наследност. Еве еден пример: Доколку од двајца еднојајчани близнаци едниот има дијабетес тип 2, шансите другиот да заболи од истата болест се дури 90% што укажува на огромното влијание на наследноста за разлика од тип 1 дијабетесот. Овој тип шеќерна болест се јавува кога панкреасот сеуште излачува инсулин, но во недоволна количина и/или излачениот инсулин не ги дава очекуваните ефекти. Во поголем број на случаи, нивото на гликозата во крвта може да се намали само со диета или и со диета и таблети, иако понекогаш е потребно да се во терапијата внесе и инсулин. Основното лекување на дијабетес тип 2 вклучува примена на здрав начин на живот. Тоа вклучува здрава исхрана, редовна физичка активност и намалување на ризичните фактори како што се дебелината и пушењето.            
 Гестациски дијабетес е форма на дијабетес кој се појавува исклучиво за време на бременоста кај жените.Но треба да се знае дека дијабетес кој постоел пред бременоста кај жената не можеме да го класифицираме во групата на гестациски дијабетес. Гестацискиот дијабетес се јавува во бременоста и обично исчезнува кога ќе се роди детето. Меѓу 3-8% од трудниците добиваат гестациски дијабетес. Во бременоста, хормоните што ги произведува телото за да го помогнат растот на детето, исто така го спречуваат дејствувањето на мајчиниот инсулин. Гестацискиот дијабетес се јавува ако телото не може да произведе доволно инсулин како одговор на зголемените потреби за инсулин.

No comments:

Post a Comment