Sunday, May 5, 2013

Шеќерна болест


Diabetes mellitus е најчесто тешка метаболна болест. Се јавува кај генетски предиспонирани луѓе под влијание на разни фактори. Може да се јави на било која воздраст и трае цел живот, а се дефинира како хронично покачување на шеќерот во крвта – хипергликемија, поради недоволно лачење на инсулин или поради дефект во дејството на инсулинот. Кај оваа болест постои пореметување во метаболизмот на гликозата, а покрај гликозата се пореметува и метаболизмот на масти и белковини. Инсулинот се лачи од страна на бета клетките кои се наоѓаат во лангерхансовите острови. При зголемена концентрација на гликоза во крвта (гликемија) расте и секрецијата на инсулинот, а со опаѓањето на гликозата се намалува и лачењето на инсулинот. Инсулинот делува на многу ткива кои сто имаат специфични рецептори за инсулин и своето дејство инсулинот го покажува спрема шеќерите, мастите и белковините. Што се однесува до причинителот на шеќерната болест, сеуште не е во потполност разјаснета. Се смета дека за да настане шеќерна болест основна улога имаат генетските фактори, но сепак за да настане оваа болест придонесуваат и други фактори како што се: вирусна инфекција, начинот на живот, исхрана, гојазност, физичка неактивност, стресни ситуации, кај некои бременоста, болести на панкреас на хепар и некои лекови.  За да настане diabetes mellitus значи постои недостаток на инсулин кој може да биде апсолутен и релативен.

No comments:

Post a Comment