Sunday, May 5, 2013

Вовед


Дијабетесот денес се вбројува меѓу најчестите ендокринолошки заболувања, со тенденција на зголемен пораст (особено во развиените земји на светот).Тоа е последица на модерниот стил на живот и зголемениот број на надворешни етиолошки предизвикувачи, меѓу кои посебно се издвојува претераниот вишок на килограми. Шеќерната болест најчесто се јавува во поодмината животна возраст како последица на општите дегенеративни и склеротични промени во организмот (кои го зафаќаат и панкреасот), а кај младите лица може да настане поради генетски пореметувања или оштетувања на панкреасот кај одредени заразни заболувања.
Шеќерната болест настанува како резултат на намалена или комплетна дисфункција на панкреасот т.е намалено создавање и ослободување на хормонот инсулин но и негово непрепознавање од страна на периферните ткива (инсулинска резистенција) со што е оневозможена регулацијата на метаболизмот на шеќерите, мастите и протеините во организмот. Со тоа доаѓа до една состојба на хронично покачено ниво на гликоза во крвта или хипергликемија.
Денес во светот од ова болест боледуваат повеќе од 200 милиони луѓе, а во Република Македонија бројката изнесува околу 50.000 заболени. Болеста речиси подеднакво ги погодува и мажите и жените. Ова претсавува еден сигнификантен знак за тоа колку е битна улогата на предвременото откривање и препознавање на оваа болест од страна на докторот со цел навремено да се започне со терапија и да се спречат хроничните компликации кои се јавуваат од ненавременото регулирање на покачениот шеќер во крвтa.
Главно постојат 3 главни типови на дијабетес и тоа:
1.         Тип 1 дијабетес или инсулин-зависен дијабетес
2.         Тип 2 дијабетес или инсулин-независен дијабетес
3.         Гестациски дијабетес

No comments:

Post a Comment