Sunday, May 5, 2013

Компликации на шеќерната болест


А: Акутни (метаболни) компликации:

Дијабетна кома – Coma Diabeticum

Дијабетната кома е губење на свеста која може да биде предизвикана од апсолутен или релативен дефицит на инсулин. Комата е опасна по животот  и бара итно болничко лекување.

Три различни видови на дијабетична кома се идентификувани:
 1. Тешка дијабетична хипогликемија.
 2. Дијабетична кетоацидоза  доволна за да предизвика губење на свеста од комбинација на тешка хипергликемија, дехидрација, шок  и исцрпеност.
 3. Хиперосмоларна кома во која екстремната хипергликемија и дехидрација сами по себе се доволни за да предизвикаат бесвест.

Хипогликемија

Ако количеството на шеќер во крвта, обично кај лице кое има шеќерна болест, се намали под нормалните граници (под 4 mmol/L), тогаш доаѓа до хипогликемија, или недостиг на шеќер во крвта. Се јавува ако при лекувањето дијабетичарите користат таблети или инсулин. Кај дијабетичарите кои се лекуваат ”само со диета" не постои опасност да се јави хипогликемијата.
Симптомите на хипогликемија се различни, меѓутоа луѓето најчесто ги забележуваат следниве:
Ø  Треперење
Ø  Потење
Ø  Забрзано чукање на срцето и бледило
Ако не се лекува хипогликемијата, симтомите можат да се влошат и да доведат до:
•           Збунетост
•           Нејасен говор
•           Дремливост
•           Промени во однесувањето, како на пример, агресивност, раздразливост, плачење
•           Тетеравење како да сте пијани
•           Бесвест
Во итени случаи ако се јави хипогликемија кај личност со шеќерна болест, веднаш мора да касне малку шеќер или да се напие сладок пијалок. После тоа, треба да се јаде храна која содржи јаглени хидрати. При хипогликемија мора веднаш да се реагира во спротивно личноста може да се онесвести.


Б:Хронични (васкуларни) компликации:

Микроангиопатски компликации се:

Диабетична ретинопатија (ако се  зафатени крвните садови во окото)
Диабетична нефропатија (ако се зафатени крвните садови во бубрегот)
Диабетична неуропатија (оштетување на нервите)

Макроангиопатски компликации

т.е. артериосклероза кај дијабетични болни се јавува доста рано, има брз развој и тенденција кон генерализација

No comments:

Post a Comment