Sunday, May 5, 2013

Вовед


Дијабетесот денес се вбројува меѓу најчестите ендокринолошки заболувања, со тенденција на зголемен пораст (особено во развиените земји на светот).Тоа е последица на модерниот стил на живот и зголемениот број на надворешни етиолошки предизвикувачи, меѓу кои посебно се издвојува претераниот вишок на килограми. Шеќерната болест најчесто се јавува во поодмината животна возраст како последица на општите дегенеративни и склеротични промени во организмот (кои го зафаќаат и панкреасот), а кај младите лица може да настане поради генетски пореметувања или оштетувања на панкреасот кај одредени заразни заболувања.
Шеќерната болест настанува како резултат на намалена или комплетна дисфункција на панкреасот т.е намалено создавање и ослободување на хормонот инсулин но и негово непрепознавање од страна на периферните ткива (инсулинска резистенција) со што е оневозможена регулацијата на метаболизмот на шеќерите, мастите и протеините во организмот. Со тоа доаѓа до една состојба на хронично покачено ниво на гликоза во крвта или хипергликемија.
Денес во светот од ова болест боледуваат повеќе од 200 милиони луѓе, а во Република Македонија бројката изнесува околу 50.000 заболени. Болеста речиси подеднакво ги погодува и мажите и жените. Ова претсавува еден сигнификантен знак за тоа колку е битна улогата на предвременото откривање и препознавање на оваа болест од страна на докторот со цел навремено да се започне со терапија и да се спречат хроничните компликации кои се јавуваат од ненавременото регулирање на покачениот шеќер во крвтa.
Главно постојат 3 главни типови на дијабетес и тоа:
1.         Тип 1 дијабетес или инсулин-зависен дијабетес
2.         Тип 2 дијабетес или инсулин-независен дијабетес
3.         Гестациски дијабетес

Шеќерна болест


Diabetes mellitus е најчесто тешка метаболна болест. Се јавува кај генетски предиспонирани луѓе под влијание на разни фактори. Може да се јави на било која воздраст и трае цел живот, а се дефинира како хронично покачување на шеќерот во крвта – хипергликемија, поради недоволно лачење на инсулин или поради дефект во дејството на инсулинот. Кај оваа болест постои пореметување во метаболизмот на гликозата, а покрај гликозата се пореметува и метаболизмот на масти и белковини. Инсулинот се лачи од страна на бета клетките кои се наоѓаат во лангерхансовите острови. При зголемена концентрација на гликоза во крвта (гликемија) расте и секрецијата на инсулинот, а со опаѓањето на гликозата се намалува и лачењето на инсулинот. Инсулинот делува на многу ткива кои сто имаат специфични рецептори за инсулин и своето дејство инсулинот го покажува спрема шеќерите, мастите и белковините. Што се однесува до причинителот на шеќерната болест, сеуште не е во потполност разјаснета. Се смета дека за да настане шеќерна болест основна улога имаат генетските фактори, но сепак за да настане оваа болест придонесуваат и други фактори како што се: вирусна инфекција, начинот на живот, исхрана, гојазност, физичка неактивност, стресни ситуации, кај некои бременоста, болести на панкреас на хепар и некои лекови.  За да настане diabetes mellitus значи постои недостаток на инсулин кој може да биде апсолутен и релативен.

Типични знаци или симптоми кај пациенти со шеќерна болест


•           Polidypsia - жед со обилно внесување на вода
•           Poliphagya - обилно консумирање на храна
•           Poliuria – обилно мокрење
•           Губиток на тежина - поради губиток на шеќери масти и протеини
Кога шеќерот во крвта порасне над одредено ниво, тој се излачува преку мочката. Бубрезите заедно со шеќерот излачуваат и повеќе течност, а тоа резултира со почесто и пообилно мочање (се измочува поголема количина на мочка). Овој губиток на течности доведува до зголемена жед.
Кога организмот не е во состојба да ја користи гликозата како извор на енергија, тој се усмерува кон алтернативни извори на енергија и доаѓа до разградување на телесните масти и белковини. Ова доведува до губиток на телесната тежина, кој губиток поекогаш може да биде брз и силно изразен.

Типови на дијабетес


Тип 1 дијабетес или инсулин-зависен дијабетес кој е карактеристичен по тоа што се јавува речиси секогаш во најраната детска возраст и речиси секогаш зад неговото настанување стои автоимуна реакција зад која претходела некаква вирусна инфекција или некое друго случување во организмот. Овој тип на шеќерна болест се јавува при тежок недостаток на инсулин, поради деструкција на повеќето или на сите клетки на панкреасот, кои лачат инсулин. За да може пациентот да се одржи во живот, тој мора редовно и доживотно да прима инсулин, во вид на поткожни инекции. Луѓето што боледуваат од дијабетес тип 1 мора да добиваат барем по една инјекција дневно. Рамнотежата меѓу количината јаглеродни хидрати што се внесуваат и вистинската количина инсулин е важна за спречување на превисоко или на прениско ниво на шеќер во крвта.
Тип 2 дијабетес или инсулин-независен дијабетес кој се јавува најчесто во подоцните години во животот (адултен дијабетес) и најчесто е со непозната етиологија (т.е причинителот останува неоткриен). Постојат бројни докази кои овој тип го поврзуваат со наследниот фактор т.е огромна е можноста за наследност. Еве еден пример: Доколку од двајца еднојајчани близнаци едниот има дијабетес тип 2, шансите другиот да заболи од истата болест се дури 90% што укажува на огромното влијание на наследноста за разлика од тип 1 дијабетесот. Овој тип шеќерна болест се јавува кога панкреасот сеуште излачува инсулин, но во недоволна количина и/или излачениот инсулин не ги дава очекуваните ефекти. Во поголем број на случаи, нивото на гликозата во крвта може да се намали само со диета или и со диета и таблети, иако понекогаш е потребно да се во терапијата внесе и инсулин. Основното лекување на дијабетес тип 2 вклучува примена на здрав начин на живот. Тоа вклучува здрава исхрана, редовна физичка активност и намалување на ризичните фактори како што се дебелината и пушењето.            
 Гестациски дијабетес е форма на дијабетес кој се појавува исклучиво за време на бременоста кај жените.Но треба да се знае дека дијабетес кој постоел пред бременоста кај жената не можеме да го класифицираме во групата на гестациски дијабетес. Гестацискиот дијабетес се јавува во бременоста и обично исчезнува кога ќе се роди детето. Меѓу 3-8% од трудниците добиваат гестациски дијабетес. Во бременоста, хормоните што ги произведува телото за да го помогнат растот на детето, исто така го спречуваат дејствувањето на мајчиниот инсулин. Гестацискиот дијабетес се јавува ако телото не може да произведе доволно инсулин како одговор на зголемените потреби за инсулин.

Ризик фактори


Зголемен ризик за гестациски дијабетес имаат трудници постари од 25 години, оние со прекумерна телесна тежина, доколку постои семејна историја за дијабетес (прв степен на сродност). Потоа, доколку постојат податоци за нарушен метаболизам на глукоза, за лош исход од претходна бременост, за раѓање на дете со поголема телесна тежина од 4,1 килограми, за синдром на полицистични јајници.

Лекување


Лекувањето на дијабетот претставува сложен и долготраен процес,  чија основна цел е регулирање на шеќерот во крвта, намалување на  симтомите на минимум и спречување на рана појава на акутни и  хронични компликации. Адекватниот третман овозможува здрав и активен живот кај заболените од дијабетес.
Методи кои се  применуваат во современото лекување на дијабетот се: 
   1.Исхрана
   2.Физичка активност
   3. Едукација и самоконтрола
   4. Употреба на орални антидијабетици
   5. Употреба на инсулин
Заболените од диаjбетес треба да избегнуваат слатки, алкохол како и таканаречените лоши јагленихидрати кои ги имаво белиот леб, чипс, помфрит итн.

Инсулин, видови на инсулин



Инсулинот претставува белковина која под дејство на HCL се разградува, па затоа не се дава Per-os туку парентерално и тоа најчесто s.c,  i.m  и  i.v  секојдневно.


Постојат повеќе видови на инсулин. Најчесто употребувани кај нас се бистар (кристален) инсулин, кој дејствува брзо и краткотрајно и матен (протамин-цинк) инсулин кој дејствува полека и долготрајно. Исто така во употреба се и други инсулини со продолжено дејствување како што се: семиленте, ленте, ултраленте и изофан.
            1.На кристалниот (бистар) инсулин почетокот на дејствување по инјекцијата е 30 мин. Најсилното дејство по инјекцијата е 2-4 часа. Должината на дејствување по инјекцијата е 6-8 часа.
            2.На протамин-цинк (матен) инсулин почетокот на дејствување по инјекцијата е 180 мин. Најсилното дејство по инјекцијата е 16-24 часа. Должината на дејствување по инјекцијата е 24-36 часа.
            3.На семиленте инсулинот почетокот на дејствување по инјекцијата е 60 мин. Најсилното дејство по инјекцијата е 5-7 часа. Должината на дејствување по инјекцијата е 12-18 часа.
            4.На ленте инсулинот почетокот на дејствување по инјекцијата е 90 мин. Најсилното дејство по инјекцијата е 8-12 часа. Должината на дејствување по инјекцијата е 18-24 часа.
            5.На ултраленте инсулинот почетокот на дејствување по инјекцијата е 120 мин. Најсилното дејство по инјекцијата е 16-18 часа. Должината на дејствување по инјекцијата е 30-36 часа.
            6.На изофан (NPH) инсулинот почетокот на дејствување по инјекцијата е 120 мин. Најсилното дејство по инјекцијата е 8-12 часа. Должината на дејствување по инјекцијата е 18-24 часа.
            Многу често се употребува комбинација на бистар и матен инсулин кој има најсилно дејствување 8-12 часа по инјекцијата. Неправилното земање на инсулин или неправилната исхрана можат на доведат и до опасност. Ако шеќерот падне под нормала настанува состојба наречена хипогликемија.                            


Место на давање на инјекцијата т.е инсулинот


За давање инјекции треба да се користат надлактиците, надколениците и предниот ѕид на мевот.
Местото на убодот треба секој ден да се менува неколку сантиметри во истата регија, потоа да се премине на друга регија, како што е прикажано подолу на сликата. Можен е убод на исто место дури по 6-7 дена.

Компликации на шеќерната болест


А: Акутни (метаболни) компликации:

Дијабетна кома – Coma Diabeticum

Дијабетната кома е губење на свеста која може да биде предизвикана од апсолутен или релативен дефицит на инсулин. Комата е опасна по животот  и бара итно болничко лекување.

Три различни видови на дијабетична кома се идентификувани:
 1. Тешка дијабетична хипогликемија.
 2. Дијабетична кетоацидоза  доволна за да предизвика губење на свеста од комбинација на тешка хипергликемија, дехидрација, шок  и исцрпеност.
 3. Хиперосмоларна кома во која екстремната хипергликемија и дехидрација сами по себе се доволни за да предизвикаат бесвест.

Хипогликемија

Ако количеството на шеќер во крвта, обично кај лице кое има шеќерна болест, се намали под нормалните граници (под 4 mmol/L), тогаш доаѓа до хипогликемија, или недостиг на шеќер во крвта. Се јавува ако при лекувањето дијабетичарите користат таблети или инсулин. Кај дијабетичарите кои се лекуваат ”само со диета" не постои опасност да се јави хипогликемијата.
Симптомите на хипогликемија се различни, меѓутоа луѓето најчесто ги забележуваат следниве:
Ø  Треперење
Ø  Потење
Ø  Забрзано чукање на срцето и бледило
Ако не се лекува хипогликемијата, симтомите можат да се влошат и да доведат до:
•           Збунетост
•           Нејасен говор
•           Дремливост
•           Промени во однесувањето, како на пример, агресивност, раздразливост, плачење
•           Тетеравење како да сте пијани
•           Бесвест
Во итени случаи ако се јави хипогликемија кај личност со шеќерна болест, веднаш мора да касне малку шеќер или да се напие сладок пијалок. После тоа, треба да се јаде храна која содржи јаглени хидрати. При хипогликемија мора веднаш да се реагира во спротивно личноста може да се онесвести.


Б:Хронични (васкуларни) компликации:

Микроангиопатски компликации се:

Диабетична ретинопатија (ако се  зафатени крвните садови во окото)
Диабетична нефропатија (ако се зафатени крвните садови во бубрегот)
Диабетична неуропатија (оштетување на нервите)

Макроангиопатски компликации

т.е. артериосклероза кај дијабетични болни се јавува доста рано, има брз развој и тенденција кон генерализација

Заклучок


Животот на болните со diabetes mellitus е мошне продолжен со сегашниот начин на лекување и со хигиено-диететскиот режим на исхрана, така што тие пациенти може да си обавуваат скоро нормална работа.
Кај јувенилниот односно тип 1 дијабет животот е значително продолжен, а кај постарите диабетичари кога диабетесот ќе се појави над 50 годишна воздраст тие достигнуваат скоро приближна старост како и другите луѓе, секако ако се придржуваат кон терапијата кој им ја препишал докторот, исхраната односно диетата како и самоконтролата на шеќер во крвта и физичката активност.
Но, сепак најважна е превенцијата, тоа значи дека треба да внимаваме на исхраната, физичка активност или неактивност, конзумирање алкохол, цигари и др.  или поедноставно кажано Подобро е да се спречи, отколку да се лечи”- стара народна поговорка.

Animation about diabetes and the body



- Универзитет ,,Гоце Делчев" - Штип: http://www.ugd.edu.mk
- Факултет за информатика: http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/fakulteti/inf
- Центар за електронско и далечинско учење: